Вечерва продолжува проектот „Од 0 до КултурА“ со уште една музичка вечер исполнета со енергија, емоција и добро расположение.
Од 21:00 часот на Камена бина, пред прилепската публика ќе настапи бендот КНАП – состав од млади музичари кои преку својата енергија и љубов кон музиката носат уникатно сценско доживување. Со репертоар кој ги спојува поп и рок звуците со добро познатите хитови, нивната цел е публиката да ужива, да пее и да биде дел од атмосферата.
Посебен дел од вечерта ќе биде музичката посвета на незаборавната Amy Winehouse, преку изведби на нејзините безвременски хитови како „Back to Black“, „Rehab“ и „Valerie“.
Ве покануваме да бидете дел од уште една убава летна вечер, да уживаме заедно во музиката и да ја поддржиме младата уметничка сцена.