Веќе традиционално срцето на прилепската чаршија на средината од месец август пулсира во рок ен рол ритам, а главни “виновници“ за тоа се Златко, Крсте, Јане и Илија, или попознати како The Hounds, кои оваа година слават 18 години постоење!
Бенд кој својата приказна ја развива веќе 18 години, 18 години исполнети со концерти, дружење, љубов и моменти. 18 години креирање на култура, не само во Прилеп, туку низ цела Македонија. Бенд кој слободно може да се каже дека прерасна во бренд на Прилеп!
Како и секогаш, нивниот концерт е збогатен со настапи од нивни колеги, кои секој на свој уникатен начин придонесува за одличната забава, а верната публика ја прави приказната комплетна.
12 август, или оваа среда, во 21 часот во срцето на старата прилепска чаршија е настанот кој во ниту еден случај не смее да се пропушти!