ВИДЕО- На македонските откупувачи не им требала домашната пченица – што ќе се случува со годинешната реколта?

Креас - готвени јадења. Новоотворена продавница во Точила на веќе познатиот прилепски бренд.
ЕУРО ГЛАС ТРЕЈД ПРИЛЕП над 20 години заедно со Вас - најдобрите ПВЦ и алуминиумски врати и прозорци

На македонските откупувачи засега не им требала домашната пченица, затоа што наводно имале залихи од лани. Ова на земјоделците им било соопштено на состанокот кој се одржал пред неколу денови во Министерството за земјоделство. Жетвата треба да започне за неколку денови, а земјелците велат дека ваквите ставови се само тактизирање за да пченицата се купи по мизерни 10 денари за килограм, а не по 16 денари како што барале тие. Сета надеж земјоделците ја полагат во државта затоа што доколку се случи да има откуп по само 10 денари остатокот до бараната цена да им го доплати државата.

Мислам дека имаат потреба за откуп на пченица, но мислам дека им е незгодно да кажат дека сакаат да ја откупат нашата пченица по 10 денари. Со тоа во ниту еден случај нема да се сложиме ние, мислам дека и Министеството нема да се сложи со таа понудена цена која ние само замислуваме дека таа цена ќе сакаат да ја понудат. Во тој случај државата треба да ни излези во пресрет нас како производители на пченица, тоа значи дека разликата минусна од откуп до реална да ја покрие државата“, изјави Перо Стојкоски, претседател на Асоцијација  на земјоделци и фармери на Македонија.

Годинава се очекувале околу 300.000 килограми пченица, а според земјоделците родот бил со одличен квалитет што не би требало да биде проблем за откупувачите. Неофицијално проблем за ваквата ситуација било и тоа што годишно во Македонија се увезувале од 5 до 6 милиони килограми брашно.

Државата сега има одлука донесено во Министерството за земјоделие за пченицата да може да се складира, но и тоа не е баш регулирано како што треба. До 15 септември државата ќе ги покрие трошоците за складирање, но трговците сепак се трговци, ќе чекаат да дојде 16ти за да ние немаме излез и да мора да им ја дадеме по цена која тие сакаат да ја откупат“, додаде Стојкоски.

Откупот на јачменот веќе започнал и тој за килограм се плаќал 10 денари.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Креас - готвени јадења. Новоотворена продавница во Точила на веќе познатиот прилепски бренд.
ЕУРО ГЛАС ТРЕЈД ПРИЛЕП над 20 години заедно со Вас - најдобрите ПВЦ и алуминиумски врати и прозорци