ВИДЕО- Проданоски: Вложувањето за подобро утре на Македонија ќе биде императив за мене во периодот кој претстои

ЕУРО ГЛАС ТРЕЈД ПРИЛЕП над 20 години заедно со Вас - најдобрите ПВЦ и алуминиумски врати и прозорци

Градоначалникот на Прилеп, Дејан Проданоски вчера беше избран да биде дел од Извршниот комитете на партијата од каде доаѓа, ВМРО-ДПМНЕ. Проданоски рече дека за него ова е голема чест, но и обврска за многу повеќе работа за Прилеп и Македонија

„Прилеп продолжува онака како што започна пред 10-тина години да гради кадри кои би можеле да испорачаат сериозни политички финкции. Ја користам приликата да му честитам на новиот претседател на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Прилеп, Христијан Тунески, за изборот. Се надевам дека од него ќе добиеме уште подобри резултати за ВМРО-ДПМНЕ, за Прилеп и за Македонија. Имам огромна чест што после долги години еве и од Прилеп имам претставник во највисокото тело на партијата во Извршниот комитет. Честа е една работа, но обврските и вложувањето за подобро утре на Македонија сигурно ќе бидат императив за мене во периодот кој претстои“, изјави Проданоски.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

ЕУРО ГЛАС ТРЕЈД ПРИЛЕП над 20 години заедно со Вас - најдобрите ПВЦ и алуминиумски врати и прозорци