Во прилепскиот театар се интензивираат пробите за новата претстава „Ловец во р’ жта“

ЕУРО ГЛАС ТРЕЈД ПРИЛЕП над 20 години заедно со Вас - најдобрите ПВЦ и алуминиумски врати и прозорци
Креас - готвени јадења. Новоотворена продавница во Точила на веќе познатиот прилепски бренд.

Во театарот „Војдан Чернодрински“ се интензивираат пробите за  претставата  „Ловец во р’ жта“ (The Catcher in the Rye) по истоимениот роман на Џ. Д. Селинџер, што ја режира Мартин Кочовски.

Режисерот вели дека претставата ќе преставува еден вид кратка историja на подемот и падот на индивидуата од средината на минатиот век до денес, со субjективна визиja за судбината на индивидуата во блиската иднина.

„Текстот е цивилизациски важен, популарен, оти обработува тема за  невозможниот бунт на индивудуалецот против општеството. Тој бунт нема рок  на траење. Затоа е интересен и текстот има  оставено голем белег врз културата, особено поп културата и во кон културата. Го одбрав театарот „Војдан Чернодрински“ да го поставам текстот заради квалитетот на  актерската екипа која може и знае да работи ваков  текст и тоа го докажува во реалноста. Бунтот на една театарска екипа во општеството. Во овој театар се бориме да  го артикулираме нашиот глас, во општество каде  тешко можеме да бидеме гласни, а ние сепак сме гласни. Публиката  ќе види  енергична, но воедно лирска и епска претстава, преполна со различни жанрови – вели Кочовски.

Драматизацијата е на Лидија М. Ѓорѓиевска, за сценографијата е задолжен Филип Јованоски, за костимите Јулијана Војкова, за музиката Пеце Трајковски – Брада,  а учестуваат и Давид Скерлевски и Ана Митоска.

Во претставата, поддржана од Министерството за култура и туризам, игра  поголемиот дел од ансамблот на театарот, а премиерата ќе се случи на крајот од оваа театарска сезона, во средината на јули.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Креас - готвени јадења. Новоотворена продавница во Точила на веќе познатиот прилепски бренд.
ЕУРО ГЛАС ТРЕЈД ПРИЛЕП над 20 години заедно со Вас - најдобрите ПВЦ и алуминиумски врати и прозорци