ВИДЕО- Жените од руралните средини со мала вклученост во општествениот и социјалниот развој, нивниот глас не се слуша

ЕУРО ГЛАС ТРЕЈД ПРИЛЕП над 20 години заедно со Вас - најдобрите ПВЦ и алуминиумски врати и прозорци

Жените од руралните средини многу често се поврзуваат само со земјоделството и за жал со ништо друго. Нивната вклученост во општествениот, социјалниот и пред се личниот развој се запоставени, а тие ретко имаат можност да бидат вклучени во креирањето на локалните политики на заедницата. Покрај системските пречки, постои и недоволна мотивираност кај жените за поголема активност, на што според граѓанскиот сектор од земјава во иднина требало да се работи.

 

„Најпрвин да ги мобилизираме, да ги активираме, да стекнеме меѓусебна доверба, но исто така понатаму самите тие да си ги искажат своите проблеми и приоритети, да предложат потенцијални решенија за кои сметаат дека се најсоодветни за нив и за нивното место на живеење, но исто така преку акции за лобирање да стигнат до општинските власти и сите овие релевантни институции. Генерално целта е да се надминат овие бариери, да се постигне актизавцијата на жените, но исто така и да се воспостави тој еден линк или таа врска општинските власти, советниците и генерално руралното население“, рече Даниела Цветаноска, ЛАГ АГРО ЛИДЕР.

 

„Во моментов податоците кои ги имаме покажуваат дека жените, особено тие од руралните средини не се доволно вклучени во овие процеси за да се слушнат нивните иницијативи. Механизмите за граѓанско учество треба да бидат редовни, достапни на жените од рурачните средини и тие кога ќе поднесат некој предлог или иницијатива, треба да добијата повратна информација за она што се случува понатаму“, додаде Рената Стаменовска Јанчиќ, хуманитарно здружение „Мајка“ – Куманово.

И помладата и постарата генерација  на жени кои живеат во руралните средини велат дека тие се за жал исклучени од повеќето општествени текови или иницијативи во нивните средини.

„Во нашето село вклученоста на жените е на едно монимално ниво, посебно од организациски аспект. Почнувајќи од самата вклученост во Месната заедница каде што жените се воопшто не се застапени, и не сме информирани за сите нивни активности кои ги имаат. И за сите останати проблеми кои ги имаме во селото информираноста е слаба и се се сведува на пренесување на информацијата по усмен пат, а не знаеме дали од друга страна таа е точна“, кажа Ленче Петкоска, жителка на с. Мало Коњари.

 

„Јас сметам дека жените во руралните средини не се доволно запознати со тоа кои надлежни ги имаат општините и на кои прашања одговараат. Јас сметам дека жените треба да учествуваат во јавни расправи. Секоја жена сака да има економска независност, полесно да се вработи, а за тоа треба поголема информативност“, кажа Клара Бошеска, жителка на с. Воѓани.

Овие дебати се одвиваат во повеќе градови на Македонија, а се дел од проектот. „Жените го превземаат водството во локалните заедници“.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

ЕУРО ГЛАС ТРЕЈД ПРИЛЕП над 20 години заедно со Вас - најдобрите ПВЦ и алуминиумски врати и прозорци