ВИДЕО- ЦЈЗ Прилеп: Не се точни шпекулациите дека е зголемен бројот инфицирани со ХИВ за 50-тина лица

Креас - готвени јадења. Новоотворена продавница во Точила на веќе познатиот прилепски бренд.
ЕУРО ГЛАС ТРЕЈД ПРИЛЕП над 20 години заедно со Вас - најдобрите ПВЦ и алуминиумски врати и прозорци

Не се точни информациите кои во последниот период кружат на социјалните мрежи дека во Прилеп бројот на лица инфицирани со ХИВ вирусот е зголемен за околу 50-тина лица, демантираат од Центарот за јавно здравје од Прилеп, од каде потенцираат дека од 1987 година од првиот регистриран случај во градот досега има 37 лица регистрирани лица со ХИВ/СИДА од кои 23 се ХИВ позитивни, 14 се болни од СИДА и има 7 починати лица. Од овие 37, 3 лица се регистирани од почетокот на 2026 па се до денес.

„Се шпекулира со некои бројки од 50 новоинфицирани лица, се споменува дека има и млада популација инфицирана, сакам да ги отфрлам овие шпекулации, бројките се тие што се. Од 1987 година до денес во Прилеп официјално потврдени се 37 случаи на ХИВ/СИДА. Сакам да го известам населението да не наседнува на овие непроверени и неточни информации, а од друга страна секој оној кој што сака да го дознае својот ХИВ статус слободно да се обрати до Центарот за јавно здравје Прилеп каде што бесплатно ќе може да направи ХИВ тест“, истакна д-р Горан Кузески, директор на Центар за јавно здравје Прилеп.

Инаку најчесто се инфицирале лицата од машки пол и тоа младата популација која била и сексуално активна.

„Од 37 регисриранио случаи 33 се од машки пол, 4 се од женски. Во однос на возрасната диструбиција, најголем процент околу 78% се ма возраст од 20 до 39 години. Во однос на начинот на преност на трансмисијата кај популаицијата мажи кои имаат секс со мажи вкупната бројка е 27 или 72% од вкупниот број на регистрирани случаи, хетеросекслуалниот пренос е кај 7 случаи или 19%, имаме еден случај на лице кое инјектира дроги и два случаи по вертикална трансмисија од мајка на дете“, додаде д-р Кузески.

На ниво на држава пак од 1987 до денес имало 760 регистрирани случаи на ХИВ/СИДА од кои над 30% се регистрирани во последните 5 години.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Креас - готвени јадења. Новоотворена продавница во Точила на веќе познатиот прилепски бренд.
ЕУРО ГЛАС ТРЕЈД ПРИЛЕП над 20 години заедно со Вас - најдобрите ПВЦ и алуминиумски врати и прозорци