Ристески: Од септември се воведува „просечна потрошувачка кошничка“

Facebook
Twitter
Email
Print
Во КРЕМОНА ШОПИНГ ЦЕНТАР сега и ѕидни панели, вештачка трева, декоративни дрвца, трпезариски маси и клуб маси, компјутерски бироа и столици
ТЕМЗА - нов дневен престој во Припеп - дружење, учење, забава – исто како децата да се дома
ЕУРО ГЛАС ТРЕЈД ПРИЛЕП над 20 години заедно со Вас - најдобрите ПВЦ и алуминиумски врати и прозорци
Креас - готвени јадења. Новоотворена продавница во Точила на веќе познатиот прилепски бренд.

Просечната потрошувачка кошничка е веќе изработена, донесена е и прифатена од Економско-социјалниот совет, но се усогласуваат податоците со Државниот завод за статистика. Очекувам, ако се усогласиме, од септември да почнеме да ја применуваме, изјави денеска заменик-министерот за економија, Марјан Ристески.

Одговорајќи на новинарски прашања по работниот состанок во Стопанската комора, Ристески уште еднаш истакна дека  просечната потрошувачка кошничка не е пандан на минималната потрошувачка кошничка.

„Да повторам по не знам кој пат, дека просечната потрошувачка кошничка не е пандан на минималната потрошувачка кошничка, која не е минимална, ја објавуваат синдикатите според некои нивни параметри. Оваа кошничка нам ќе ни користи за водење исправни економски политики, носење исправни закони, одлуки и мерки, базирани на добро обработени статистички податоци“, нагласи тој.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира