600.000 килограми мазут недостигаат од државните резерви

Facebook
Twitter
Email
Print
Во КРЕМОНА ШОПИНГ ЦЕНТАР сега и ѕидни панели, вештачка трева, декоративни дрвца, трпезариски маси и клуб маси, компјутерски бироа и столици
ТЕМЗА - нов дневен престој во Припеп - дружење, учење, забава – исто како децата да се дома
ЕУРО ГЛАС ТРЕЈД ПРИЛЕП над 20 години заедно со Вас - најдобрите ПВЦ и алуминиумски врати и прозорци
Креас - готвени јадења. Новоотворена продавница во Точила на веќе познатиот прилепски бренд.

Државниот завод за ревизија утврди сериозни пропусти во работењето на Агенцијата за задолжителни нафтени резерви, меѓу кои и тоа што Министерството за одбрана повеќе од осум години не ја вратило позајмицата од 600.000 килограми мазут, со што се намалени државните резерви на овој стратешки енергент.

Според ревизорскиот извештај, Агенцијата не доставила предлог-одлуки за количината и структурата на задолжителните нафтени резерви до надлежното министерство за 2022, 2023, 2024 и 2025 година, поради што Владата не ги донела потребните одлуки.

Ревизорите дале мислење без резерва за финансиските извештаи за 2024 година, но мислење со резерва за усогласеноста со законската регулатива, упатствата и воспоставените политики.

Во извештајот се наведува дека во 2017 година, со владина одлука, тогашната Дирекција за задолжителни резерви на нафта и нафтени деривати му позајмила на Министерството за одбрана 600.000 килограми мазут за непречено функционирање на Армијата, со обврска количините да бидат вратени до крајот на истата година. Сепак, мазутот не е вратен ниту во текот на 2025 година, поради што Агенцијата евидентира побарување од Министерството во износ од 16,7 милиони денари, односно околу 271.000 евра.

Ревизорите посочуваат дека и покрај обидите на Агенцијата низ годините да се реши проблемот, позајмените количини сè уште не се вратени. Поради тоа препорачуваат Владата, Министерството за одбрана и Агенцијата да преземат мерки за надминување на состојбата и обезбедување на потребното ниво на државните резерви.

Во ревизијата се констатирани и неправилности при исплатата на плати и прекувремена работа. Евиденцијата за прекувремените часови не е целосна за сите вработени, а платите и надоместоците биле исплаќани врз основа на бодови повисоки од оние утврдени со Законот за административни службеници.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Во КРЕМОНА ШОПИНГ ЦЕНТАР сега и ѕидни панели, вештачка трева, декоративни дрвца, трпезариски маси и клуб маси, компјутерски бироа и столици
ТЕМЗА - нов дневен престој во Припеп - дружење, учење, забава – исто како децата да се дома
Креас - готвени јадења. Новоотворена продавница во Точила на веќе познатиот прилепски бренд.
ЕУРО ГЛАС ТРЕЈД ПРИЛЕП над 20 години заедно со Вас - најдобрите ПВЦ и алуминиумски врати и прозорци