Локалниот младински совет на Oпштина Прилеп (ЛМС) во соработка со Europe House Bitola, организира настан по повод Светскиот ден на млади. Настанот ќе се одржи на 11.8.2026 година со почеток во 19:00 часот со локација кај прилепската Саат кула.
Натанот е замислен во два дела, формален и неформален комбинирајќи констурктивна дебата за младинските политики со забавни и интерактивни активности за младите. Од 19:00 часот ќе има панел дискусија односно претставување на членовите на ЛМС и отворен микрофон каде младите ќе можат да се вклучат во дискусијата и да споделат мислење, идеја, прашање или своја приказна. Во 20:30 часот убавата енергија ќе продолжи со DJ сет на Emily Nas, неформални разговори, пинг понг, photo scavenger hunt и останати забавни активности.