Филипче: Пет години ме нарекуваа убиец – Мицкоски да им се извини на семејствата на загинатите во Тетово

Facebook
Twitter
Email
Print
Во КРЕМОНА ШОПИНГ ЦЕНТАР сега и ѕидни панели, вештачка трева, декоративни дрвца, трпезариски маси и клуб маси, компјутерски бироа и столици
ЕУРО ГЛАС ТРЕЈД ПРИЛЕП над 20 години заедно со Вас - најдобрите ПВЦ и алуминиумски врати и прозорци
Креас - готвени јадења. Новоотворена продавница во Точила на веќе познатиот прилепски бренд.

Лидерот на СДСМ Венко Филипче побара од премиерот Христијан Мицкоски да им се извини на семејствата на 14-те загинати во пожарот во модуларната болница во Тетово, откако сега како што рече, јавното обвинителство ја кажало вистината.

„Сега барам организираната криминална група ВМРО да се извини. Мене не мора да ми се извинат, јас тоа од нив не го барам. Многу добро знам со какви луѓе си имам работа. Криминалната група и Христијан Мицкоски да се извинат на семејствата на загинатите. Затоа што пет години си поигруваат со нивните чувства, со нивните емоции и со нивната жал“ рече Филипче.

Тој рече дека пет години го обвинувале дека е убиец, но дека конечно вистината излегла на виделина – дека нема никаква злоупотреба на службената положба ниту штета на буџетот.

„Меѓутоа на Христијан Мицкоски и неговата организиарана криминална група и на главниот ПР- советник Латас им требаше убиец. Пет години зборат за мене дека сум убиец, ме споредуваат со убиец, ме споредуваат со доктор Менгеле, замислете јас што спасувам животи и што здравјето на граѓаните ми е на прво место не престанаа. Не престанаа ни вчера после одлуката на обвинителството. Јас после пожарот во Тетово поднесов оставка како морален, човечки чин, денес гледаме дека кога има толку заразени луѓе што се случува со загадената вода во Гостивар, Христијан Мицкоски оди на екскурзија. Тој повторно кажува како живи изгореле во пожар, но јас тоа нема да го правам, нема да правам споредби зашто сум човек и имам емпатија и сочувствувам, а тоа доволно говори само за тоа каков човек е Христијан без сочувство, без срам, без жал“, рече Филипче.

По следните избори, Филипче рече дека доаѓа правдата во Македонија, и дека Мицкоски и неговата партија ќе одговараат за се што направиле изминативе две години.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Во КРЕМОНА ШОПИНГ ЦЕНТАР сега и ѕидни панели, вештачка трева, декоративни дрвца, трпезариски маси и клуб маси, компјутерски бироа и столици
Креас - готвени јадења. Новоотворена продавница во Точила на веќе познатиот прилепски бренд.
ЕУРО ГЛАС ТРЕЈД ПРИЛЕП над 20 години заедно со Вас - најдобрите ПВЦ и алуминиумски врати и прозорци