На 27 и 28 октомври во Прилеп ќе се одржи – ФОРУМ ЗА ОРИЕНТАЛЕН ТУТУН во организација на МЕЃУНАРОДНАТА АСОЦИЈАЦИЈА НА ОДГЛЕДУВАЧИ НА ТУТУН (ITGA) и СОЈУЗОТ НА ПРОИЗВОДИТЕЛИ НА ТУТУН – „МАКА НА ТУТУНОБЕРАЧИТЕ“ – ПРИЛЕП.
За прв пат на иста маса во Прилеп ќе седнат претставници на 12 држави членки на Светска и Европската асоцијација на држави производители на тутун ( ITGA и UNITAB ).
Од пред неколку месеци Македонија освен на Европската е полноправна членка и на Светска асоцијација на држави производители на тутун.
Целта на оваа средба е дебата околу тоа како земјите членки на овие организации може да го задржат производството на оваа земјоделска култура, кое за нив е од исклучително еконосмко значење, наспроти строгите правила на Светската здравствена организација кои се наметнуваат секоја година.
На 27 ќе биде делот за дебати и состаноци во х. Кристал Палас, а другиот ден 28 октомври, кога и е Светскиот ден на тутунопроизводителите, ќе има свечен настан на плоштадот „Александрија“ во Прилеп.
Со Ристески поразговаравме околу тоа кои се бенефитити на Македонија од членството во овие организации, каква реколта се очекува оваа година, колку може како држава да го зголемиме производството на тутун и каква цена се очекува оваа година.