На 31.08.2026 во 04:46 часот во ОВР Прилеп било пријавено дека на регионалниот пат Прилеп-Битола, во атар на с.Тополчани, прилепско, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „сеат“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од С.Ј.(19) од Прилеп и патничко возило „мерцедес“ со велешки регистарски ознаки, управувано од Г.П.(48) од с.Росоман, кавадаречко.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот С.Ј. , а со телесни повреди се здобиле возачот Г.П. и неговите сопатници Д.П.(39) од с.Корешница, неготинско и Т.Т.(55) од с.Рибарци, кавадаречко, констатирани во Општа болница Прилеп.
Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Прилеп.