ВИДЕО- Прилеп доби нова градинка, но 150 деца се уште се на листа на чекање, „Бајка“ згрижува само 100, бидејќи не се одобруваат нови вработувања

ЕУРО ГЛАС ТРЕЈД ПРИЛЕП над 20 години заедно со Вас - најдобрите ПВЦ и алуминиумски врати и прозорци

Цели 4 години од 2021 до 2025 Прилеп чекаше после цели 40 години да ја добие новата градинка „Бајка“ во населбата Точила во Прилеп. Станува збор за еден од најсовремените објекти од ваков тип во Македонија, втора по големина во државава. Но за жал иако капациетот е 220 деца, во неа од отворање до денес се сместени само 100 деца бидејќи Министерството за финансии не одобрува нови вработувања. Од 11 занимални работат само 7, 4 се празни. Само во „Бајка“ потребни се 12-тина нови вработувања, а вкупно за сите 7 објекти на градинките „Наша Иднина“ се потребни 30-тина вработувања од различни профили.

Во овој момент имаме листа на чекање од околу 150 дечиња, таа е видно намалена во споредба со ланската година, но со зголемениот број на деца, односно одлуката за зголемен број на деца во групите, истите би се растеретиле доколку би ги оспособиле и останатите занимални кои се оспособени и опремени со мебел, но заради немање на доволно персонал не се сеуште во употреба. Значи од прилика во просек 4 занимални, по 25 дечиња, значи за 100 дечиња би се намалила листата на чекање и би останале 50-тина деца“, изјави Билјана Петкоска, в.д. директорка на градинки Наша Иднина во Прилеп.

Во моментов има запишано 1.486 дечиња распоредени во возрасни и јаслински групи. Освен во градот, градинка функционира и во селото Беровци.

Во моментов имаме просторни услови во основното училиште во село Беровци, кое го користиме за згрижување на 12 дечиња, од кои едното доаѓа од село Галичани. Во моментот нема пројавено некоја потреба од населените места, но доколку се појави потреба ние имаме просторни услови во село Тополчани во основното училиште, исто во село Големо Коњари“, додаде Петкоска.

Пред два дена до Министерството за финансии е упатено барање за нови 30 вработувања, а од градинките „Наша Иднина“ се надеваат дека истите ќе бидат конечно одобрени.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

ЕУРО ГЛАС ТРЕЈД ПРИЛЕП над 20 години заедно со Вас - најдобрите ПВЦ и алуминиумски врати и прозорци