45 години, оро, традиција и песна, 45 години продолжување на аманетот на нашите предци, продолжување на македонската народна игра и песна, продолжување на нашиот идентитет и зачување на корените.
КУД „7 Септември“ од Македонски Брод одбележа еден јубилеј од 45 години постоење. А по тој повод по 15-ти пат се одржа и годишниот концерт на друштвото.
Се обележува со тоа и празникот „7 Септември“ и датумот на ослободувањето на Општина Македонски Брод. Друштвото брои 60-тина членови кои редовно го посетуваат.