Прилепското архиерејско намесништво упатува апел и предупредување до јавноста и верниците во врска со сѐ почестата појава на поставување стаклени кутии со икони, (на мостовите од градската река, на плоштадот, пред маркети и други мест) ,во кои се собираат парични средства за наводна изградба и помош на цркви и манастири.
Реакцијата на Прилепското архиерејско намесништво ја пренесуваме во целост:
„Ја известуваме јавноста дека ваквиот начин на собирање донации не е со благослов на Македонската православна црква и ги предупредуваме граѓаните дека средствата што ги оставаат во овие кутии завршуваат во приватни џебови. Црквата целосно се оградува од оваа појава. Апелираме до сите верници да бидат внимателни и да не подлегнуваат на ваквите манипулации. За сите легитимни донации и помош за верските објекти, граѓаните треба да се обратат директно во храмовите или преку официјалните жиро-сметки на Црквата“, велат од прилепско Архиерејско намесништво.