Падна митот за недопирливите во Прилеп, никој повеќе нема да може да се крие позади значката и униформата, врските и пријателите, законот е и ќе биде еднаков за сите. Ова денеска во Прилеп го истакна директорот на Бирото за јавна безбедност Александар Јанев кој потенцираше дека акцијата за сузбивање на криминалната мрежа за недозволена трговија со дрога и економски криминал во овој град ќе продолжи и понатаму.
„Ако некој мисли дека ќе се крие позади полициската униформа, позади полициската значка, или позади одредена функција која што ја извршува, се излажал. Помина времето каде што имаше митови за луѓе или вработени во институции дека не може да ги допре раката на законот. Секој еден за кој што ќе постојат информации, податоци и докази за инволвираност со помагање, или нешто што требало да го направи, а не го направил, нема да биде изоставен и ќе биде опфатен дали во рамки на кривична пријава, дали со известување до самото обвинителство, ќе биде опфатен и нема да биде поштеден“, изјави
Четворицата полициски службеници вработени во ОВР Прилеп не се опфатени во овие 21 лице кои добија кривични пријави и заработија одредени мерки. За нив ќе се води посебна истрага.
„И не само тие, секој еден понатаму за кој што ќе се добие податок, доказ, или сомнеж дека бил инволвиран ќе биде исто така дел на предмет на истрага. Не смееме да дозволиме некој со сторување, или не сторување да го помага развивањето на таквите криминални структури. Бидејќи целата оваа криминална група не се создала преку ноќ, ние знаеме дека таа делувала, како што кажа и министерот вчера, повеќе од 15 години“, кажа Јанев.
Јанев најави зголемено присуство на полицијата на терен во Прилеп.
„Разговаравме овде дека сигурно многу сопственици на угостителски објекти овде имале било какви искуства, од било кој тип со овие лица кои се сега предмет на нашата операција, на нашата истрага. Ние сакаме со нив да воспоставиме партнерски пристап за во иднина да не се сличуваат вакви појави. Тоа значи дека полицијата ќе биде поблиску до граѓаните, ќе биде видлива за граѓаните“, додаде Јанев.
Како дполнителна мерка за зголемување на безбедноста во Прилеп за неколку месеци се очекувало и имплементирањето на „Safe city“.