ВИДЕО- Јанев: Засега нема реални факти за да Прилеп добие Сектор за внатрешни работи

ЕУРО ГЛАС ТРЕЈД ПРИЛЕП над 20 години заедно со Вас - најдобрите ПВЦ и алуминиумски врати и прозорци

Одделението за внатрешни работи Прилеп засега нема реални факти и согледувања дека треба да прерасне во Сектор за внатрешни работи, ова денеска во Прилеп го истакна Александар Јанев, директор на Бирото за јавна безбедност, одговарајќи на новинарско прашање дали Прилеп пак ќе добие Сектор за внатрешни работи.

„Правиме анализи дали некаде СВР треба да биде додадено, или одземено. Бројките и случувањата статистички, бидејќи е малку покомплексно прашањето кога се одредува нивото на организацискиот облик што треба да биде или да делува на одредено подрачје на територијата, тука се и патната инфраструктура, бројот на училишта, објекти од витално значење, значи еден поголем комплекс, не е само криминалитетот, вклучени се и сообраќајот и глава на жител, флуктуација на граѓани и персонал. Не би сакал да кажам нешто што ќе бидам сфатен во погрешна насока, меѓутоа Одделението за внатрешни работи Прилеп засега нема реални факти и согледувања дека треба да прерасне во Сектор за внатрешни работи“, рече Јанев.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

ЕУРО ГЛАС ТРЕЈД ПРИЛЕП над 20 години заедно со Вас - најдобрите ПВЦ и алуминиумски врати и прозорци