И Македонија ја стопира вакцинацијата со бугарската БСЖ вакцина

ЕУРО ГЛАС ТРЕЈД ПРИЛЕП над 20 години заедно со Вас - најдобрите ПВЦ и алуминиумски врати и прозорци

Министерството за здравство информира дека во Македонија времено прекинува администрирањето на вакцина бесеже против туберкулоза кај бебињата, откако хрватската Агенција за лекови (ХАЛМЕД) вчера го стори истото, бидејќи таму се испитува дали оваа вакцина е причинител на остеомиолит кај четири бебиња за кои бил пријавен сомнеж во Хрватска за ваков несакан ефект.

Остеомиолитис по вакцинација со бесеже е редок вид на коскена инфекција предизвикана од ослабениот сој на „миобактериум бовис“ содржан во вакцината. Инфекцијата најчесто ги зафаќа долгите коски, особено оние на горните и долните екстремитети како и градната коска или ребрата.

Симптомите вклучуваат болка, оток и намалена подвижност на екстремитетите. Симптомите може да се појават во период од неколку месеци до неколку години по вакцинацијата, најчесто по една година. Со навремена дијагноза и соодветен третман се постигнува целосно закрепнување. Доколку се појават овие симптоми, потребно е да се побара лекарска помош.

Комисијата за имунизација во рамки на Министерството за здравство на Македонија потврди дека во Македонија вакцината е од истиот бугарски производител кој добавува и во Хрватска. Се работи за Бул Био НЦИПД д.о.о. бул. Јанко Саказов, Софија, Бугарија.

Комисијата за имунизација донесе заклучок за времено одложување на имунизацијата со оваа вакцина до добивање комплетни информации во однос на сериите, нивниот квалитет и асоцираноста со појавата на несакани реакции. Воедно, потенцираме дека во изминатите десет години до МАЛМЕД е пристигната само една пријава за сомнеж на несакана реакција од БСЖ вакцина (во август 2022 година), која се однесувала на појава на апцес на местото на апликација на вакцината, што како реакција е опишано во упатството за употреба на вакцината, велат од Министерството за здравство.

Имунизацијата со оваа вакцина во Македонија е задолжителна имајќи предвид дека земјата е со висок ризик од туберкулоза. Во моментот, на Институтот за ТБЦ има 95 пациенти со туберкулоза од кои 83 се од годинава, а во Детската болница Козле во 2025 се евидентирани 15 случаи, а во 2026 се евидентирани 12 нови случаи.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

ЕУРО ГЛАС ТРЕЈД ПРИЛЕП над 20 години заедно со Вас - најдобрите ПВЦ и алуминиумски врати и прозорци