Под насловот „Есенска сликовница“ на 1 ноември 2026 година Ротаракт клубот „Прилеп“ ќе организира еко акција, иницијатива посветена на заштитата на животната средина, развивањето на еколошката свест и поттикнувањето на личната одговорност кон заедницата. Настанот ќе опфати кратка планинарска прошетка до одреден локалитет (стартно место с.Селце – манастир Св.Димитриј), при што учесниците ќе собираат отпад во должина на целата патека.
Преку оваа активност се сака да се испрати порака дека грижата за природата не треба да биде само повремена иницијатива, туку дел од нашето секојдневие.
„Есенска сликовница“ е првиот дел од пошироката иницијатива која продолжува на 15 ноември 2026 година со настанот „100 дрва, 100 приказни“, посветен на садење дрвја и создавање нови приказни преку грижата за природата и заедницата. Со овие две активности, Ротаракт клубот сака да потсети дека промените во општеството не започнуваат со зборови, туку со дела“, информираат од Ротаракт клубот „Прилеп“ .