ВИДЕО – Над 200 учесници од 17 држави на Ориентациониот натпревар кој се одржува во Прилеп

ЕУРО ГЛАС ТРЕЈД ПРИЛЕП над 20 години заедно со Вас - најдобрите ПВЦ и алуминиумски врати и прозорци

Во Прилеп се одржува Меморијалниот ориентационен натпревар „Пеце Атанасовски“ на кој што учествуваа 200 учесници од 17 држави. Денеска натпреварот се одржува низ прилепските улици со спринт дистанца, утре патеките ќе бидат на локалитетот Камена Баба, а во недела кај манастирот Свети Димитрија, во близина на селото Селце на Селечка планина. Стартот беше на улицата „5-та прилепска“, а финишот во дворот на ООУ „Гоце Делчев“, додека натпреварувачите ги бараа контролните точки низ околните улици.

„Натпреварот е како предвестие за следната година кога ќе бидеме домаќини на репрезентативен натпревар на Југоисточното европско првенство во ориентација и затоа оваа година имаме некоја рекордна бројка и зголемен интерес. Сепак, наредна година, прва недела од септември бројката ќе надмине 1.000 натпреварувачи и тука градот буквално ќе го живее духот на ориентацијата. Моментално сме во основното училиште „Гоце Делчев“ и имаме спринт дистанца која што ќе се одвива во околината, поточно „Петта прилепска“, населбата „Рид“ над болницата, патеките ќе бидат максимум до 4 километри, а победничките времиња се очекува да бидат околу 12 минути за најбрзите. Имаме елитни натпреварувачи од повеќе земји, посебно машката категорија има доста силна конкуренција ова издание и се надеваме дека сѐ ќе биде во ред.

Само денеска се натпреварувате?

Натпреварот продолжува да се случува и утре, утре сме на „Камена Баба“, имаме средна дистанца, а во недела имаме долга дистанца во областа Селце, кај манастирот „Свети Димитрија“ на Селечка Планина“, истакна Мери Чкрипеска, претседател на ОК „Златоврв“ и претседател на Ориентациона федерација на Македонија.

Дел од учесниците доаѓаа прв пат во Прилеп, а додека дел пак веќче имаат искуство со тоа што овој нартпревар има доста долга традиција, тој во Прилеп се одржува уште од 2012 година.

„Ние сме често во Прилеп, сакаме да доаѓаме овде, ориентацијата во Прилеп ни е доста занимлива, имавме и припреми пред оваа трка. Сакаме да бидеме дел од оваа организација која се организира по повод меморијалот, оваа година гледам дека има многу странци. Еве и ние сме тука, доаѓаме од Србија, па на некој начин допринесуваме да има повеќе натпреварувачи и да биде поголема конкуренцијата“, рече Александар Петровиќ, ориентационен клуб од Сремски Карловци, Србија.

 

„Навистина е многу убав спорт, имаш прилика да посетиш многу земји и да запознаеш многу луѓе од различни делови во светот“, вели Вилма Русијан, учесничка на натпреварот од Шведска.

„Дали е тешко да се биде дел од овој спорт?

Не, навистина е лесно и многу е забавно, бидејќи запознаваш многу луѓе од различни возрасти, имаш пријатели кои се и помлади и постари, од нашата земја, но и од други земји“, додаде Лувиса Бољ, учесничка на натпреварот од Шведска.

Најголем број странски учесници имаше од Скандинавија. Ориентацијата кај нив е на рамниште на национален спорт, со него се занимаваат буквално сите генерации од најмлади до најстари од 7 до 97. Ориентацијата започнала како дел воените тренинзи на скандинавските армии, а потоа истата како начин на рекреација ја прифатило и населението.

 

„Многу е слично до тоа да се занимаваш со трчање, но следиш рута и мора да се чекираш на точките, нормално притоа да бидеш најбрз. Звучи прилично едноставно, но мора секогаш да размислуваш и да ја планираш рутата додека трчаш, така што мора да го користиш својот мозок додека трчаш и тоа е тоа што го прави забавно.

Со тебе носиш чекер со кој што се чекираш на различните точки?

Тоа е за да се увериш дека си на правилните точки и во правиот редослед.

Што можеш да ни кажеш за овој спорт во твојата земја, но и низ цела Европа?

Многу е популарен во Скандинавија, во Шведска, Норвешка и Финска, каде што е најразвиен, но во останатиот дел од Европа не е толку развиен. Во Франција и Швајцарија имаат добри тркачи и се прилично развиен спортот таму, но надвор од Европа не е развиен.

Зошто е толку популарен во Скандинавија?

Мислам затоа што имаме многу шуми, но исто така е и стар воен спорт“, изјави Матиз Халбер, учесничк на натпреварот од Шведска.

Натреварите утре продолжуваат на Камена Баба кај вештачкото езеро. / кај манастирот селце на Селечка планина.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

ЕУРО ГЛАС ТРЕЈД ПРИЛЕП над 20 години заедно со Вас - најдобрите ПВЦ и алуминиумски врати и прозорци