Апсење на дилери низ Прилеп

ЕУРО ГЛАС ТРЕЈД ПРИЛЕП над 20 години заедно со Вас - најдобрите ПВЦ и алуминиумски врати и прозорци

ОВР Прилеп поднесе кривична пријава против малолетник од Прилеп поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“. На 20.10.2025 во Прилеп, полициски службеници извршиле преглед над малолетникот, при што била пронајдена и одземена марихуана.

На 28.10.2026 во 12:30 часот во ОВР Прилеп, од Казнено – поправната установа Затвор Прилеп е пријавено дека при вршење претрес кај осуденото лице М.Б.(39) од Велес била пронајдена грутчеста материја.

Истиот ден во 14:45 часот на ул.„Драган Димески”во Прилеп, полициски службеници од ОВР Прилеп го лишија од слобода Џ.П.(44) од Прилеп затоа што при преглед кај него била пронајдена  грутчеста материја.

По документирање на настаните ќе следуваат соодветни поднесоци.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

ЕУРО ГЛАС ТРЕЈД ПРИЛЕП над 20 години заедно со Вас - најдобрите ПВЦ и алуминиумски врати и прозорци