Реакција на ОО СДСМ-Прилеп на синоќешниот втор отчет за едногодишната работа на градоначалникот Дејан Проданоски

ЕУРО ГЛАС ТРЕЈД ПРИЛЕП над 20 години заедно со Вас - најдобрите ПВЦ и алуминиумски врати и прозорци

Откако пред два месеца во арамиската Бела палата се одигра првиот чин од трагикомедијата наречена „Отчет за сработеното на градоначалникот Дејан Проданоски“, синоќа на нејзиниот втор чин во прилепскиот Центар за култура присуствуваа директорите, раководителите и уценетите партиски членови вработени во јавната администрација. „Отчет на срамот“ – така треба да се вика празниот лист хартија со кој прилепскиот градоначалник мафта пред неговите сопартијци кои, соочени со неспособноста на Проданоски, ги уби туѓиот срам, стои во реакцијата на ОО СДСМ Прилеп.

Реакцијата ја пренесуваме во целост.

„Синоќешната партиска збиранка го потврди она коешто гласно го зборува секој граѓанин на општина Прилеп: дека во историјата на градот, Дејан Проданоски ќе остане запаметен како најнеспособниот градоначалник кој не успеал да реализира ниту еден проект од неговата изборна програма.

Или кажано накратко – Проданоски ги излажа прилепчани!

Ги излажа дека ќе изгради спортско-рекреативен парк од 30.000 квадратни метри кај с.Волково, дека комплетно ќе го реконструира театарот „Војдан Чернодрински“, дека ќе изгради мост и кружен тек кај „Табана“, уште еден мост на улица „Победа“, две обиколници „Исток“ и „Запад“ со должина од 4 и пол и 2 километри, нова детска градинка во населба Рид, училишна сала во ООУ „Блаже Конески“, кружни текови во населбата „Димо Наредникот“ и кај новата автобуска станица.

Излажа дека ќе го уреди коритото на Градска река со кејски ѕидови, пешачки патеки и урбана опрема по целата нејзина должина, дека ќе ја реконструира улицата „Александар Македонски“ од раскрсницата „Чумовчани“, до Ново Лагово, дека ќе ги врати во функција Универзална сала и сала „Македонија“, дека ќе изгради нова спортска сала со 2.000 седишта на местото од „Соколана“ и трговски центар со забавен парк кај некогашната фабрика „Металец“.

Проданоски излажа дека инфраструктурно ќе ја уреди планираната населба „Градина“ кај некогашните оранжерии, дека ќе го реконструира и рехабилитира Работничкиот универзитет со отворање на Конгресен центар, дека ќе изработи нов Генерален урбанистички план и Детални урбанистички планови за делови од градот и населените места.

Се’ што градоначалникот Проданоски вети – се’ излажа.

На крајот, да зборуваме за убави работи: има нешто кое Проданоски не го вети, а го реализираше – го укина бесплатниот оброк за учениците до четврто одделение, ги укина средствата од општинскиот буџет за училишни униформи за учениците кои сега ќе се плаќаат од џебот нивните родители и конечно на прилепчани им испрати предвремена новогодишна честитка – од први јануари поскапува водата.

И покрај се’, граѓаните на општина Прилеп не заслужија ваков градоначалник!“, се вели во реакцијата.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

ЕУРО ГЛАС ТРЕЈД ПРИЛЕП над 20 години заедно со Вас - најдобрите ПВЦ и алуминиумски врати и прозорци