Наш гостин е Антонио Јакимовски, научен работник, археолог и годинашен добитник на награда – диплома по повод „3-ти Ноември“.
Јакимовски цели 20 години го истражува локалитетот „Старо Бонче“, еден од најуникатниот, најмаркантните и најмистичниот локалитети во Македонија, кој се наоѓа помеѓу прилепските села Бонче и Подмол.
Се претпоставува дека тука се наоѓа градот Пелагонија, 4-тата изгубена македонска престолнина
Откриени се три штитови на македонскиот крал Деметриј Први кој владеел во почетокот на 3 век пред нашата ера – вакви штитови има само уште неколку во светот
Таму се наоѓа Кралската Гробница стара над 2.400 години.
Врвот Висока е импозантна акропола поврзана со долниот дел на градот кај Бонче
Но за жал годишно држава не одделува ниту по 5.000 евра за истражувања, што е премалку за ваков локалитет.
Гробницата не конзервирана, ниту оградена, ниту пак се афирмира некаде иако е единствена од ваков тип кај нас.
Многу повеќе за комплексот Старо Бонче од разговорот со Антонио Јакимовски.