Трибина: Машкото здравје без табуа – превенцијата е најважниот чекор!

ЕУРО ГЛАС ТРЕЈД ПРИЛЕП над 20 години заедно со Вас - најдобрите ПВЦ и алуминиумски врати и прозорци

Грижата за здравјето не треба да биде тема за која се молчи. Редовните прегледи, навременото препознавање на симптомите и отворениот разговор со лекарите можат да направат голема разлика во превенцијата и лекувањето на заболувањата кај мажите. Токму затоа, Општина Прилеп организира едукативна трибина посветена на машкото здравје, со цел да се подигне свеста за значењето на превенцијата, раното откривање и современите можности за лекување.

На трибината ќе се разговара за малигните заболувања на простатата, тестисите и пенисот, бенигната хиперплазија на простатата, како и за еректилната дисфункција. Ќе бидат споделени стручни информации, корисни совети и одговори на прашања кои често остануваат неискажани.

Говорници:

  • Проф. д-р Сашо Дохчев – Клиника за урологија
  • Д-р Трајче Јанкулоски – ЈЗУ Општа болница со проширена дејност Прилеп
  • Д-р Гоце Нинески – ЈЗУ Општа болница со проширена дејност Прилеп

Трибината ќе се одржи на 12 ноември 2026 година во 17:00 часот во Собраниската сала на Општина Прилеп.

За здравјето треба да се зборува отворено. Превенцијата започнува со информираноста, а грижата за себе е одговорност што не треба да се одложува.

Ги покануваме сите граѓани да присуствуваат, да се информираат и да ги искористат знаењата и искуството на стручните лица.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

ЕУРО ГЛАС ТРЕЈД ПРИЛЕП над 20 години заедно со Вас - најдобрите ПВЦ и алуминиумски врати и прозорци