ВИДЕО- Потребно е поголемо охрабрување на жените од руралните средини да го пријавуваат насилството

ЕУРО ГЛАС ТРЕЈД ПРИЛЕП над 20 години заедно со Вас - најдобрите ПВЦ и алуминиумски врати и прозорци

Иако жените се повеќе се охрабруваат да го пријават семејното насилство, тоа за жал се уште не е така во руралните места каде стереотипите, малата средина и недостапноста до сите потребни институции предизвикува жените да молчат за се она што им се случува во животот. Токму затоа во Општина Кривогаштани се одржа трибината насловена „Она за што молчат жените“ чија цел е да ги поттикне и охрабри жените да не го премолчуваат насилството.

„Често избегнуваат да зборуваат за семејното насилство, често се одвраќаат, веќе кога ќе се охрабрат да пријават често се одвраќаат бидејќи живеат во мали средини и најчесто се плашат што ќе кажат соседите, што ќе каже семејството. Често немаат толкава близина до полициска станица, матичните лекари се први ако се работи за физичко насилство и некако како да тие првични моменти на помош им се недостапни“, изјави Анастасија Смиле, адвокат.

Психолозите предупредуваат дека доколку жената е постојано изложена на психичко и физичко насилство од партнерот таа полека како да почнува да прифаќа дека таа е виновна за се и се затвора во себеси токму затоа било потребно отворање, разговарање со експерти, а се понудија бесплатни психолошки услуги.

„Колку повеќе се повторува ова психичко насилство и постојано има омаловажување и критика од страна на партнерот, почнува да ги ослабнува нејзините заштитни механизми и да реградира дури и на ниво на дете, станува тоа нејзино главно уверување. Задача на нас психолозите и психотерапевтите не е само да ја извадиме жената од средината каде што е насилникот, туку и да ги редефинираме овие главни уверувања. Всушност да ѝ дадеме снага за при нареден избор евентуално да не избере исто насилен партнер“, кажа Јасмина Василева, дипломиран психолог.

 

„ Жените сѐ повеќе и повеќе се охрабруваат да побараат помош, сѐ повеќе и повеќе бараат психолошка помош како што спомнавме, правна помош итн. Нашето советувалиште нуди бесплатни услуги, односно секој третман кој што ќе го добие жената кај нас е бесплатен“, рече Наташа Беќирова, координатор на Женски центар за поддршка Битола.

 Трибината се одржа како дел од 16-те дена активизам против родово базирано насилство, организатори се од здружението „Пелагона Прва“.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

ЕУРО ГЛАС ТРЕЈД ПРИЛЕП над 20 години заедно со Вас - најдобрите ПВЦ и алуминиумски врати и прозорци