Дали недостатокот на нови иновации се должи на мрзеливоста на Gen Z? Генерациите се менуваат, а младите никогаш не биле помрзеливи – така барем вели стереотипот на 21 век. Овие три средношколки го покажуваат спротивното.
Запознајте ги Ема, Ева и Искра, ученички во СОУ „Наум Охридски“ – Македонски Брод.
Од Македонски Брод до натпреварот „Средношколец милионер“, три млади девојки одлучија да покажат дека амбицијата нема географски граници.
Со својата иновативна идеја FAMA, тие се најдоа меѓу 140-те избрани идеи, носејќи визија за поинаква иднина на дигиталниот маркетинг и вештачката интелигенција во Македонија.
Нивната ѕвезда водилка? Да го направат Балканот барем еднаш меѓу првите што ќе ги применат најновите иновации.
Тие се доказ дека младите од помалите градови имаат еднакво големи соништа, но и амбиција да ги претворат во реалност.
Затоа што големите приказни не започнуваат секогаш во големите градови. Понекогаш започнуваат со три девојки кои одлучиле да веруваат во својата идеја. FAMA – нашата идеја, нашата приказна, нашата иднина.
За гласање и повеќе информации кликнете ТУКА !