Во Прилеп безбедно отстранета 75-милиметарска артилериска граната

ЕУРО ГЛАС ТРЕЈД ПРИЛЕП над 20 години заедно со Вас - најдобрите ПВЦ и алуминиумски врати и прозорци

Тимот пиротехничари на ДЗС во градот Прилеп безбедно отстрани неексплодирана 75-милиметарска артилериска граната од минатите војни, што била веќе истрелана од топ.  Граната е пронајдена при градежни работи за сообраќај и канализација од фирмата „Аква Нет“ во непосредна близина на станица за технички преглед „Супер контрола Прилеп“ и перална „Акса“,од каде што било пријавено нејзиното пронаоѓање.

Гранатата безбедно е транспортирана и сместена во магацин на ДЗС, по што ќе следи плански нејзино уништување со други пронајдени неексплодирани средства(НУС), согласно бeзбедносни процедури.

При пронаоѓање на сомнителни предмети што личат на неексплодирани експлозивни средства, да не се допираат или поместуваат, туку веднаш да се пријават на телефонскиот број 112, апелира ДЗС.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

ЕУРО ГЛАС ТРЕЈД ПРИЛЕП над 20 години заедно со Вас - најдобрите ПВЦ и алуминиумски врати и прозорци