На 18.11.2026 во 01:30 часот на патот Градско-Прилеп, кај с.Ореовец, полициски службеници од ОВР Прилеп го лишија од слобода Б.С.(40) од Прилеп.
При контрола во сообраќајот, полициските службеници сопреле патничко возило „мерцедес” со прилепски регистарски ознаки, кое го управувал, и по извршени проверки било констатирано дека го управувал возилото под дејство на алкохол, односно му биле измерени 1,82 промили алкохол во крвта.
По документирање на настанот ќе следува соодветен поднесок.