ВИДЕО- Прилепската болница доби нов ЕМГ апарат, овие пациенти сега не мора да одат во Скопје

ЕУРО ГЛАС ТРЕЈД ПРИЛЕП над 20 години заедно со Вас - најдобрите ПВЦ и алуминиумски врати и прозорци

Прилепската болница доби нов ЕМГ апарат за потребите не нервното одделение, кој што ќе се користи за периферните невролошки болести. Освен за потребите на ова одделение апаратот за подобра дијагностика ќе го користат и ортопедите.

„Имаме доктор супспецијалист по неврологија, исто така имаме уште други 4 невролози, имаме сестри кои беа на едукација на Клиника за неврологија за оваа метода. Оваа метода е оној мал сегмент што фалеше во неврологијата. Покрај тоа што во нашата болница се изведува тромболиза, доплер на каротиди, ЕЕГ, лекување и дијагностика на другите невролошки болести, ова беше тој сегмент што фалеше во неврологијата“, изјави Д-р Кире Јоноски, директор на општа болница Прилеп.

Оваа метода за прв пат се применува во прилепската болница, што е само еден низата нови методи и оператвни зафати кои во последниве две години се новина во болницата и кои техники на илјадници пациенти веќе им помагаат да не патуваат до клиниките во Скопје, да не се исложуваат на трошоци, барање на слободни денови и гужви пред амбулантите.

„Ние дојдовме тука со шефот на неврофизиологија, доктор Бојан кој што беше вклучен во едукација на кадарот кој што ќе работи во оваа болница и одделенската сестра од нашата установа. Имате навистина спремен тим, го имате првиот супспецијалист по неврофизиологија, така што квалитетот на услугата мислам дека ќе биде на едно високо ниво, што исто така е многу битно за пациентите. Ќе се користи кај пациенти кои што имаат одредени заболувања на периферниот нервен систем, пациенти кои што имаат одредени проблеми со рбетниот столб, може да се користи кај пациенти, еве директорот е ортопед, на кои што ќе се вршат интервенции на рбетен столб, баш има доста широка примена кај одредени невропатии, тоа е доста честа патологија, така да примената е многу широка и мислам дека доста пациенти ќе имаат бенефот од оваа метода“, кажа Д-р Јован Божиновски, директор на Клиника за неврологија – Скопје.

Во моментов Прилеп има 5 невролози, одделението засега е невро-психијатриско, а се работело на тоа овие 2 оддела за брзо време да станат посебни одделенија.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

ЕУРО ГЛАС ТРЕЈД ПРИЛЕП над 20 години заедно со Вас - најдобрите ПВЦ и алуминиумски врати и прозорци