Kако може една држава како Македонија која годишно од 365 има над 260 сончеви денови, да не произведува сама бесплатна електрична енергија од фото панели за потребите на државните институции туку милиони евра народни пари за ова да се одлеваат кон приватни оператори со електрична енергија?
Зошто ретко која, ако не и никоја државна институција не произведува сама електрична енергија?
Зошто општините кај нас не изградат соларни електрани чија струја би се употребувала за потребите на јавните општински објекти, училишта, улично осветлување…?
Зошто не се либерализира пазарот на струја досега кај нас, секој да може да си произведува и да продава струја колку сака и колку ќе произведе?
Зошто законот апсурдно им забранува на јавните претпријатија или установи да продаваат струја, пари кои потоа ако се заработат може да се употребат во голем број други проекти?
Дали некој сака повеќе увоз на струја отколку домашно производство?
За сите овие прашања поразговаравме со нашиот гостин Зоран Митрески, експерт од енергетиката и производството на струја од фотоволтаични панели.