Временската рамка за прием на нови членки во ЕУ до 2025 година не е фиксен датум, туку симболичен кој треба да ги мотивира земјите од Западен Балкан, изјави еврокомесарот за проширување и соседска политика Јоханес Хан.
Според него, во процесот на проширување на ЕУ не постои бланко чек или кратенка, туку се земаат предвид само индивидуалните реформски резултати. – Квалитетот е пред брзината, истакна Хан.
„Сепак, битен е индивидуалниот напредок. Проширувањето на ЕУ е регата, а не конвој“, нагласи Хан.
Тој зборувајќи за Србија, рече дека како и сите други земји кандидати треба да се концентрира на три приоритети: зајкнување на демократијата и владеењето на правото, економските и реформите на пазарот на работна сила и регионалното помирување со соседите.