Последната сезона на „House of Cards“ ќе биде најкратка досега

Netflix официјално објави дека серијата „House of Cards“ ќе биде продолжена за уште една сезона и покрај големиот скандал кој го доживеа главната ѕвезда Кевин Спејси, но таа ќе биде најкратка во историјата на телевизиското шоу.

 

Судбината на серијата беше ставена под знак прашалник по скандалот кој го доживеа Спејси, во кој беше обвинет за сексуално вознемирување од повеќе мажи, но од Netflix беше објавено дека серијата сигурно ќе се врати на екраните за шестата и последна сезона.

 

Компанијата тогаш соопштила дека нема да ја продолжи соработката со него. Финалната сезона ќе биде концентрирана околу глумицата Робин Рајт која ја толкува главната женска улога.

 

Креаторите на оваа серија ќе имаат само 8 епизоди во кои ќе треба да ја раскажат разврската на целата приказна околу семејството Андервуд. За разлика од минатите сезони кои имаа по 13 епизоди, последната ќе биде скратена скоро на половина. На сценаристите останува да размислат како ќе го изведат излегувањето на Кевин Спејси од серијата, откако тој претходно беше планиран како постојан член на екипата и во новата сезона.

 

Во актерската екипа се придружуваат актерите Дајан Лејн и Грег Киниар, кои ќе глумат брат и сестра, но уште не се знае како точно ќе бидат поврзани со Клер Андервуд откако фокусот на серијата ќе биде пренасочен кон неа.

 

Датумот на почетокот на емитувањето на последната сезона сè уште не е објавена.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи