Македонскиот репрезентативец, Ставре Јада, кој постигна А олимписка норма и кој ќе се натпреварува во дисциплината нордиско скијање, ќе биде македонскиот знаменосец на Олимпијадата во Пјеонгчанг, Јужна Кореја која ќе се одржи од 9 до 25 февруари.
Јада вели дека се чувствува максимално подготвен за предизвикот кој кој го очекува. Тој ќе се натпреварува во две трки, едната долга 1,6 км која е во дисциплината спринт и другата долга 15 км. слободен стил.
„Се чувствувам максимално подготвен, не чувствувам никаков притисок и сакам да постигнам најдобар резултат што некој македонски репрезентативец воопшто постигнал на Олимпијада“, вели Јада.
Освен него на зимските олимсписки игри Македонија ќе ја претставуваат и Антонио Ристески со А олимписка норма , кој ќе се натпреварува во алпско скијање и Викторија Тодоровска со B олимписка норма која ќе се натпреварува во нордиско скијање.