Без компромис за името балканската стратегија на ЕУ може да пропадне, смета поранешниот премиер и шеф на дипломатијата на Шведска Карл Билд. Според него, за да се реши спорот за името неопходен е ангажман на моќните држави од ЕУ и институции.
„Мислам дека ќе треба сериозно посветување од моќните ЕУ држави и институции за да се стигне до компромис за името. Без тоа балканската стратегија на ЕУ може да пропадне“, напиша Билт на својот Твитер профил, споделувајќи ја веста од грчкиот „Екатимерини“ за вчерашниот протест во Атина и процесот за решавање на спорот за името.
I think it will require some heavy lifting by heavy EU states and institutions to get a Macedonia name compromise. But without one the EU Balkan strategy risks collapse. https://t.co/lgoJoH9Oy6
— Carl Bildt (@carlbildt) February 5, 2018