Собрание: Сите амандмани се архивирани и преведени, но потребно е да се разгледаат

Facebook
Twitter
Email
Print

Собраниските служби завршиле со преведувањето на над 35.000 амандмани на ВМРО-ДПМНЕ против Законот за употреба на јазиците. Собраниската администрација сега почна да проверува дали доставените амандмани се технички исправни.

 

„Сите амандмани се архивирани, обработени и ставени на е-парламент; Службата на Собранието уредно постапуваше и постапува во рамките на своите надлежности и задолженија, сè до целосното завршување на процесот. Сите амандмани се преведени од страна на службата во Секторот за преведување на Собранието на Република Македонија. Со оглед на големиот број амандмани, истите потребно е да се разгледаат и да се постапи по нив согласно одредбите на Деловникот за работа на Собранието на Република Македонија, по што Законот за јазици ќе биде разгледан“, соопштуваат од Собрание.

 

По архивирањето под реден број, следува постапка на споредба на амандманите за да се групираат текстовите кои имаат иста содржина. Вака се планира да се скрати расправата со цел да не се дискутира посебно за сличните амандмани.

 

Собраниските служби не можат да го предвидат времето до свикување на седницата каде ќе се дебатира за амандманите на ВМРО ДПМНЕ.

 

Законот за употреба на јазиците, со кој се унапредува употребата на албанскиот јазик е во трето читање и за него опозициската ВМРО-ДПМНЕ поднесе 35.576 амандмани. Законот беше донесен на 11 јануари, а претседателот Ѓорге Иванов една недела подоцна стави вето на законот и до Собранието достави низа укажувања.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи