Потпишан Договорот за подобрување на снабдувањето со електрична енергија во месноста „Три багреми“

Општина Прилеп и ЕВН Електродистрибуција ДООЕЛ, Скопје, го потпишаа Договорот за подобрување на состојбата со снабдување со електрична енергија на жителите од месноста „Три багреми“, која е дел од населбата „Тризла 2“.

 

Со Договорот се регулираат правата и обврските на двете договорни страни, во врска со пристапот, приклучувањето на дистрибутивната мрежа и други услуги поврзани со работата на среднонапонската и нисконапонската мрежа во оваа населба.

 

Вкупната вредност за реализација на предметот на овој Договор изнесува 2.109.577,00 денари, средства кои од Потпрограмата за поддршка на имплементација на декадата и стратегијата на Ромите, ги обезбеди Владата на Република Македонија.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи