Трамп бара голема воена парада во Вашингтон

Facebook
Twitter
Email
Print

Иако веќе подолго време зборува за неговата желба војници да маршираат низ булеварите на Вашингтон како претстава за воената надмоќ на САД, идејата за парада во главниот град на САД почнува да добива службена форма по еден состанок од 18 јануари во Пентагон меѓу Трамп и неговите генерали.

 

На средба во Пентагон на 18 јануари, на која присуствувал и министерот за одбрана Џејмс Матис, Трамп побарал одржување воена парада, објави Вашингтон пост повикувајќи се  на анонимни воени извори.

 

„Командата беше: Сакам парада како таа во Париз. На тоа работат највисоките нивоа на војската“, изјави за вашингтонскиот весник воен функционер кој сакал да остане анонимен.

 

Откако Вашингтон пост ја објави информацијата, Белата куќа соопшти дека Трамп „побарал од министерството за одбрана да ја истражи можноста за одржување прослава на која сите Американци би можеле да ја искажат својата благодарност (на војската)“. Портпаролката на Белата куќа, Сара Сандерс, кажа дека за одржување воена парада сѐ уште се размислува и дека уште ништо не е одлучено.

 

„Претседателот Трамп постојано им дава неверојатна поддршка на американските војници, кои секој ден ги ризикуваат своите животи за да биде нашата земја безбедна. Тој побара од Министерството за одбрана да подготви свеченост, на којашто сите Американци ќе можат да ја изразат својата благодарност“, изјави Сандерс.

 

Инаку, претставувањето на воената сила не е типично за САД.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи