Перез тргнува во нов поход по Де Геа, Јунајтед бара 130 милиони евра

Facebook
Twitter
Email
Print

Претседателот на актуелниот европски првак Реал Мадрид, Флорентино Перез веќе две години постојано притиска за да ангажира врвен голман во својот тим и повеќе од извесно е дека по толку силни притисоци и таква упорност конечно успеа да го донесе – Давид Де Геа.

 

Шпанскиот весник, „Don Balon“ пренесува дека најдобриот играч на „Црвените ѓаволи“ во последно време им се доверил на колегите од репрезентацијата, Серхио Рамос и Иско дека наскоро ќе им се придружи во Реал.

 

Дека трансферот се крчка или можеби е договорен најдобро покажува и една изјава на актуелната „единица“ на мадриѓаните, Кејлор Навас, кој изјавил дека нема проблем да се бори за првиот тим со Де Хеа или Тибо Куртоа, ако некој од овие двајца дојде во великанот, додавајќи дека сака да остане дел од Реал и дека нема намера да се пресели на „Енфилд роуд“ (Ливерпул е заинтересиран за него).

 

Меѓутоа „Црвените ѓаволи“ сигурно нема лесно да подлегнат на притисокот од Кралскиот клуб. Договорот на Де Геа со Манчестер е до јуни 2019 година, а од „Олд Трафорд“ најавија дека подготвуваат нова соработка за еден од најдобрите голмани во светот. Исто така неговата откупна клаузула ја зголемија на 130 милиони евра, што јасно става до знаење дека не се подготвени да се разделат од својот ас меѓу стативите.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи