Големите тимови во Европа ја сакаат ѕвездата на Интер, Мауро Икарди и веќе е очигледно дека „нероазурите“ тешко дека ќе може да го задржат. Барем тоа се гледа од зборовите на новиот агент на фудбалерот, Федерико Пасторело.
Тој објави дека неговиот клиент ќе биде „најголемиот трансфер следното лето“. И веднаш ги потхрани гласините дека заминувањето е повеќе од сигурно.
„Ме прашувате каква е иднината на Икарди? Ќе ви кажам дека тој ќе биде најголемиот трансфер на претстојниот преоден рок“, изјави агентот за весникот „Туто Спорт“.
Во прв план тука е Реал Мадрид, па Манчестер Јунајтед, Баерн Минхен, Челси…, па се чини прашање е на време кога тој ќе летне од Милано. Интер веќе работи на обезбедувањето на потписот на малдиот напаѓач од Расинг, Лаутаро Мартинез и тоа е уште еден знак дека се подготува заминување на Мауро особено ако „нероаѕурите“ не обезбедат пласман во Лигата на шампионите.
Иако „нероазурите“ влегоа во серија од осум натпревари без победа, тој продолжува да блеска за нив и оваа сезона, откако има 18 гола во 24 натпревари со кои продолжува да биде водечки стрелец на Интер.