Косово ги „награди“ семејствата на загинатите и осудени лица од Диво насеље

Facebook
Twitter
Email
Print

Семејствата на учесниците  во Диво Насеље добија речиси 300 000 евра од косовската влада. По 10 000 евра за секое семејство и за загинатите и за осудените кои добија високи затворски казни поради тероризам и загинувањето на 8мина припадници на македонската полиција.

 

„Исплатени се 290.000 евра, пропорционално за 29 семејства на загинатите и осудени лица во настаните во Куманово, онака како што беше предвидено со одлуката на Владата од 10 октомври 2017-та година“ вели Мухарем Шабани – портпарол на Министерството за финансии за Инсајдер.

 

Одлуката на Харадинај тогаш наиде на критика во косовската јавност, со потсетување дека лицата се осудени од судот во Македонија, за неколку кривични дела – како нарушување на уставниот поредок, тероризам и терористичка организација, и затоа доделувањето средства на нивните семејства е несфатливо.

 

Според медиумите во Приштина, Косово еден месец пред настаните од 2015-та година во Куманово, во парламентот го донесе Законот за забрана за учество во вооружени конфликти надвор од територијата на државата.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи