Утре во просториите на ООУ „Кире Гаврилоски – Јане“ ќе се одржи општински натпревар по географија, на којшто ќе учествуваат околу 40 ученици. Повод за овој настан е годишнината од формирањето на регионалното географско здружение „Професор д- р. Митко Панов“.
„За прв пат во регионот на општините: Прилеп, Крушево, Македонски Брод, Кривогаштани и Долнени минатата година го регистриравме здружението. На оваа средба ќе бидат присутни професори од Факултетот по Географија при универзитетот “Свети Кирил и Методиј” од Скопје, но и други универзитетски професори и професори од средните и основните училишта во регионот”,истакна Милан Јаковоски- претседател на новоформираното здружение и предметен професот во општинското училиште каде што се одржува натпреварот.