Општина Прилеп целосно ги демантира дезинформациите од општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ од Прилеп, објавени на денешната прес конференција. Навистина разоварувачки е што интелектуалци користат вокабулар од типот на оној на поранешната директорката на домот за стари лица „Киро Крстески-Платник“, Ирена Стерјовска Локвенец, кадар на ВМРО-ДПМНЕ, која што оваа јавна установа ја остави во хаос, нехигиена, безредие, со долгови и бројни непродуктивни партиски вработувања. Велат во демантот на прес конференцијата на ВМРО-ДПМНЕ, од Општина Прилеп.
Демантот го пренесуваме во целост.
„Уште пострашен е фактот, што поранешниот директор на ЈКП „Комуналец“, Златко Ристески, братучедот на ексградоначалникот Марјан Ристески, го остави претпријатието со евидентирани штети од околу половина милион евра, и огромен долг кон УЈП за неплатен данок.
Поранешниот директор на ЈП „Водовод и канализација“, Сашо Николоски го оштетил претпријатието за околу 120.000 евра со ДДВ. Меѓу нив неплаќани сметки и извршни решенија чувани во фиока, со основен долг од околу 37.000 денари без камати, на уредничка на медиум, финансиран од општинската каса со месечни суми од десетици илјади денари. Со една цел, само да се пласираат дезинформации и невистини, што ги слушаше јавноста со години.
Овие разрешени кадри, со поразеното раководство на партијата на локално ниво, најверојатно се обидуваат да ги користат истите алатки за креирање јавно мислење базирано на лаги и невистини. Затоа на јавноста и се обраќаат наместо со факти, со прашања. Зашто на контото на ВМРО-ДПМНЕ како поранешна локална власт со својот кадар, на чело со Марјан Ристески се бројат само задолжувања.
За долговите на Општина Прилеп и работењето на Марјан Ристески говорат извештаите од Државниот завод за ревизија. А, секој извештај за Општина Прилеп, го работат кадрите вработени во оваа институција од времето на Ристески. Според тоа, спиновите на прилепскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ се повторно неосновани.
Но, делата на градоначалникот Илија Јованоски говорат сами за себе. Обврските од 3.5 милиони евра оставени од ексградоначалникот Марјан Ристески ќе бидат сервисирани навреме. А, Општина Прилеп интензивно работи на реализација на Програмата на градоначалникот Јованоски. За само 100 дена раководење, овој градоначалник оствари толку-колку што неговиот претходник не успеа за 12 години.
- Потпишан е договор со ЕВН и почнати се активности за зајакнување на електро-мрежата во населбата „Три багреми“, каде што наскоро ќе има превоз и за учениците, подобрување на водоснабдувањето, тампонирање на патот до населбата, прибирање документација за легализација на живеалиштата на овие граѓани, со цел што поскоро да почне постапката за урбанизирање на населбата. Поточно сè она што ВМРО – ДПМНЕ не го направи 12 години.
- Воведен е бесплатен превоз за пензионерите секој работен ден од 9 – 11 часот,
- Интензивирани се активностите за Центарот за деца со церебрална парализа,
- Во тек се активности за новите градинки-дел од Програмата на Јованоски,
- Во градот, до крајот на мандатот ќе се изгради нов театар и Прилеп ќе биде гасифициран и
- бројни други активности.
Почитувани,
Општина Прилеп, за секоја своја активност ги информира граѓаните транспарентно, навреме и отворено. Секогаш е отворена поканата за ваше учество во Граѓанскиот парламент,така што новата локална власт и градоначалникот Јованоски, ќе ги чујат вашите предлози и идеи, за да го подобриме заедно квалитетот на животот во Прилеп.“, велат од Општина Прилеп.