Францускиот играч за врска Франсис Кокелан, кој синоќа имаше една од најтешките работи во современиот фудбал – да го чува Лео Меси, измисли нов начин како да се запре аргентинскиот волшебник од Барселона.
Заборавете го удирањето по нозете, влечењето за дрес и острите стартови. Голем дел од нив и покрај се се покажале како недоволни за да го запрете, а ако веќе успеете, тоа значи прекршок и жолт картон. Кокелан, од друга страна, едноставно му го соблече дресот на Меси, а интересно, Французинот за ова не доби ниту жолт картон, ниту Меси доби прекршок.
121