Новиот Кливленд одличен, падна и Оклахома

Facebook
Twitter
Email
Print

Откако доживеа голема реконструкција пред крајот на преодниот рок во НБА, Кливленд влезе во одлична форма, а синоќа ја победија и Оклахома на нејзин терен со 120:112. Леброн Џејмс блесна со 37 поени, 8 скока и 8 асистенции во победата на Кливленд.

 

Џејмс запиша 417. натпревар во кариерата со повеќе од 30 поени во четвртата последователна победа на вице-шампионите.

 

Пет играчи завршија со двоцифрени индикатори, а се истакна Џеј Ар Смит со 18 поени по шест постигнати тројки.

 

Пол Џорџ беше лидер на Оклахома сити со 25 поени, Кармело Ентони, кој се врати на терен по два пропуштени натпревари поради повреда на глуждот, додаде 24, а Стивен Адамс се постигна со 22 поени и 17 скока.

 

Расел Вестбрук исто се врати на полето по два пропуштени натпревари поради повреда и заврши со 21 поен и 12 асистенции, но и тоа не им помогна на домаќините.

 

 

Резултати: 
Торонто – Мајами 115:112
Милвоки – Атланта 97:92
Минесота – Хјустон 108:126
Оклахома – Кливленд 112:120
Далас – Сакраменто 109:114
Денвер – Сан Антонио 117:109

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи