Гвардиола добива нов договор и повисока плата од Сити

Facebook
Twitter
Email
Print

Според најновите информации на британските медиуми, Пеп Гвардиола се согласил да ја продолжи соработката со Манчестер Сити до 2021 година.

 

Актуелниот договор на Гвардиола истекува во јуни 2019 година, но „граѓаните“ се решени што поскоро да ги разрешат дилемите и да потпишат долгорочен договор со стратегот под чие водство екипата игра извонредно во текот на целата сезона.

 

Пеп со новиот договор би добил и поголема плата. Каталонецот во редовите на „граѓаните“ во овој момент добива плата од 16 милиони фунти, а со новиот договор би стигнал до 20 милиони фунти по сезона, со што би се зацврстил на првото место како најплатен тренер во Европа.

 

Официјалното соопштение од клубот по повод ова прашање би требало да следи кога Гвардиола ќе го освои својот прв трофеј со „граѓаните“.

 

Пеп Гвардиола имаше разочарувачки резултати во својата прва сезона во Премиер-лигата, но веќе во втората година ја потврди својата генијалност и на англиската фудбалска сцена.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Во КРЕМОНА ШОПИНГ ЦЕНТАР сега и ѕидни панели, вештачка трева, декоративни дрвца, трпезариски маси и клуб маси, компјутерски бироа и столици
ТЕМЗА - нов дневен престој во Припеп - дружење, учење, забава – исто како децата да се дома
Креас - готвени јадења. Новоотворена продавница во Точила на веќе познатиот прилепски бренд.
ЕУРО ГЛАС ТРЕЈД ПРИЛЕП над 20 години заедно со Вас - најдобрите ПВЦ и алуминиумски врати и прозорци