ВИДЕО : Филмски викенд во организација на Winter apricots на тема – Планината лулка на магичното, слободата и човештвото

Вечерва во киното Мис Стон во Прилеп започна филмскиот викенд во организација на Winter apricots на тема – Планината лулка на магичното, слободата и човештвото. Според организаторите ова било отворање на втората сезона на филмски викенди, со една цел да се одржи некаква филмска кондиција и секој последен викенд во месецот да има вакви филмски викенди различна тематика.

 

 

„Лани структурата ни беше истражување на синематографи на различни земји, а оваа година одиме малку поразлично, односно тематски ќе истражуваме. Започнуваме со кратки филмови посветени на планината. Планината во најширок поим, односно скоро два месеци прегледувавме и истражувавме фестивали за да направиме стварно една интересна селекција, со која ќе истражиме многу работи за светот за кои не сме ни биле свесни дека постојат, како што ни е и мотото „Планината лулка на магичното, слободата и човештвото“. Станува збор за истиот концепт како лани, за дводневен настан. Селекциите се час-час и половина по вечер. Наредната ќе биде во март, значи се уште немаме одлучено која ќе ни биде темата. Генерално е добро, бидејќи регрутираме нови членови, бидејќи ги продолжувме пријателствата и на наше големо задоволство добиваме позитивен фидбек, позитивна реакција од луѓето. Лани не молеа да продолжиме со викенди. Овие два дена ќе има десет филмови, по пет од вечер. Кратки филмови, кои вкупно траат околу час и половина. Бидејќи јануари го скокнавме, сега одиме до јули, а потоа ќе земиме една пауза за да се освежиме и се спремаме за фестивалот во декември“, истакна Дарко Ѓеоргиески, организатор на манифестацијата.

 

Ѓеоргиески најави дека во иднина имале идеи за повеќе настани како кино од кола, истражиме на некои надворешни локации за проекции и слично и се надевале дека сето тоа дека ќе можат да го реализираат.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи