Ристески, Груевски и ВМРО-ДПМНЕ зад себе оставаат масовна невработеност, задолжена општина, партизирани институции, уништено здравство и ниту еден реализиран капитален проект за граѓаните на општина Прилеп. Наместо бесрамно да се сликаат, треба да одговорат како се богатеа локалните моќници од власта на грбот се посиромашните граѓани на општина Прилеп. Истакнаа денеска во писмената реакција од О.О. на СДСМ Прилеп, по повод денешната посета на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Грувески на Општина Прилеп.
Соопштението го пренесуваме во целост.
„Треба да одговорат зошто недостигаат документи за побарувања од скоро 1.5 милиони евра пари, пријавени во завршната сметка за 2015 година на општина Прилеп.
Да одговорат зошто за скулптурата на „Крали Марко“ чија проценета вредност е околу 4 милиони денари, градоначалникот платил дупло, односно околу 8 милиони денари.
Треба да одговорат за подигањето на пари за патни и дневни трошоци од касата на општина Прилеп, без никаква евиденција за кого се тие пари.
Ристески и Груевски должат илјадници одговори пред јавноста и надлежните судови за криминалното трошење на парите на прилепчани, за што се поднесени и соодветни кривични пријави.
Никола Груевски и Марјан Ристески се свесни дека не можат повеќе да ја спречуваат правдата, можат само да ја дочекаат!“, велат од О.О. на СДСМ Прилеп.