ФИФА размислува за забрана на едно од најпопуларните правила за фудбалски трансфери – давањето на играчи под наем. Со оваа вест излезе Франс Фудбал.
Во светската фудбалска централа се на мислење дека отстапувањето на играчи веќе не се одвива според првичниот план. Тие веруваат дека многу клубови потпишуваат договори со млади играчи, ги изнајмуваат и ги продаваат со огромен профит подоцна, без конкретните играчи да дебитираат за нив.
Најдобрите примери оваа сезона за таква практика се италијанскиот шампион Јувентус, кој дал на заем 41 млад играч, Удинезе – 27, Челзи – 22 и Манчестер Сити – 18.
ФИФА ќе донесе конечна одлука за случајот на 18 октомври, кога ќе се одржи состанок на организацијата.