Денешната пленарна седница во Собранието на Албанија беше проследена со тензии и судири меѓу власта на опозицијата. Во моментот кога премиерот Еди Рама пристигна во собраниската сала, пратениците од опозицијата имаа транспаренти во свои раце, велејќи: „Ослободи ги граѓаните на Кукс! Уапси ги криминалците“. Тензијата го достигна врвот кога пратеникот Фламур Нока фрли со брашно и јајца кон премиерот Рама.
Во инцидентот вклучен е и министерот за надворешни работи, Дитмир Бушати, кој фрли со брашно кон пратениците на опозицијата, откако тие почнаа да фрлаат со пластични шишиња. За поранешниот премиер, Сали Бериша, пратениците на ДП го следеа револтот на уапсените граѓани на Кукс во собранието.
„Имам само два збора, поздрав за оние кои го следат тежината на револтот низ цела Албанија. Денес Рама го извадија надвор од парламентот од задната врата, жителите на Кукс, Дебар и сите северни жители знаат што значи да излезеш од задната врата на домот или од вратата на тоалетот. Отиде таму каде што заслужува“, изјави Сали Бериша, поранешен премиер на Албанија
По насилните протести на 31 – ви март, кога стотици граѓани револтирани од одлуката на владата за плаќање патарина на „Патот на Нацијата“ ги уништија наплатните пунктови, албанскиот суд изрече мерка притвор поради наводи за уништување на јавна сопственост и противење на органите на редот. 11 од 23 –те приведени добија притвор, додека за другите судот изрече домашен притвор со обврска за пријавување.